Невидлив, ама го уловија по повеќе од 10 години: Авионот F-117
- 04 Ноември, 2020
Фотографиите јасно го прикажуваат американскиот „невидлив“ авион кој се употребуваше на почетокот на 80-те години од минатиот век, а официјално од служба беше повлечен во 2008 година. Направен е од материјал кој го прави скоро невидлив за радарите.
Американскиот „невидлив“ борбен авион Lockheed F-117 е фотографиран во лет, по повеќе од десет години.
F-117 го сликаше фотографот Сантос Касерес, додека ја напушташе Воздушната база Нелис во Лас Вегас на 30. октомври во 15.40 часот.
Меѓутоа, во изминатите неколку години F-117 е повторно активен, а примероци од овој модел се користат како поддршка во текот на воени вежби во Калифорнија.
Американската војска појасни дека авионот е повлечен од активна служба, но пилотите од Центарот за тестирање на воздушни сили сè уште го користат за ограничени активности.