Никогаш не помина подалеку од четврт- финале на Грен Слем, а побогата е од Надал, Федерер и Серена заедно
Американската тенисерка Џесика Пегула (29) моментално е трета тенисерка во светот и никогаш во кариерата не отишла подалеку од четвртфинале на Грен слем турнир (во сингл конкуренција). Но, малкумина знаат дека Пегула е најбогатиот тенисер во светот.
Имено, таа е ќерка на Тери Пегула, 434-та најбогата личност на светот чие богатство се проценува на 5 милијарди долари. Тери Пегула е и сопственик на НФЛ тимот Бафало Билс и НХЛ тимот Бафало Сабрес.
Затоа, парите не и се проблем на Џесика, но таа е решена да се прослави, а досега во текот на тениската кариера од турнирски награди заработила 6,5 милиони фунти.
- Кога бев помлада, бев решена да си го направам својот пат. Но, како што стареев, сфатив дека треба да ја прифатам целата семејна ситуација, иако тоа ми пречеше некое време. Тенисот е моја работа, тоа е моја кариера и моите родители немаат право на збор - објасни Пегула, која паралелно со својата тениска кариера води ресторан за здрава храна и лансираше бренд на производи за нега на кожата под името „Ready24“.
Надвор од теренот, таа е многу активна на социјалните мрежи каде објавува фотографии со своите сакани кучиња и од луксузни патувања на егзотични локации.
Таа е во брак со Тејлор Гахаген од 2021 година. Вози мерцедес, а се забавува играјќи голф и риболов на луксузни јахти во сопственост на нејзиното семејство.