„НИКОГАШ НЕМА ДА ТЕ ЗАБОРАВАМ“: Сопругата на Тоше емотивно се прости од него-загина во пожарот славејќи го раѓањето на синот

Тоше Богданов (30) од Кочани трагично го загуби животот во пожар во дискотеката „Пулс“ додека го славеше раѓањето на својот син.

Младиот човек, кој работел како автомеханичар, живеел со сопругата која се породила пред неколку дена. Неговата сопруга се обрати со потресни зборови преку социјалните мрежи:

„Кога се изборивме за она што го сакавме, кога добивме причина за среќа и радост, животот ја покажа својата суровост. Зошто ги зема луѓето кои штотуку почнаа да живеат?

Ќе бидам храбра мајка и ќе се борам за нашето мало ангелче да прерасне во човек како што беше ти - добар, храбар и силен. Кога ќе порасне и ќе ме праша: „Мамо, каде е татко ми?“ ќе му кажам да погледне во небото и да ја види најсветлата ѕвезда што сјае, а тоа ќе бидеш ти. А јас ќе бидам таа што секогаш ќе те сака, и никогаш нема да те заборавам.

Нека ти е вечна слава, ти беше незаменлив човек“, напиша таа на Фјесбук.