Никој не знаел за неговата болест, сам со автобус одел на хемотерапија: Ќерката не пуштила ниту една солза на неговиот гроб
Последните денови на Марко Николиќ беа исполнети со борба.
Поминаа 5 години од смртта на легендарниот актер Марко Николиќ, кој остави неизбришлива трага во српскатакинематографија.
Кога почина, неутешните колеги и пријатели зборуваа за него само во позитивен контекст, потсетувајќи се на ноќите, добрите улоги, театарското бифе, но и риболовот, кој беше негова страст.
Роден е во Краљево на 20 октомври 1946 година. Дипломирал глума на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Член бил на Народниот театар од 1970 година. Играше во театар, филм и телевизиски драми.
Од 1963 до 2018 година глумеше во преку 80 продукции, некои телевизиски, некои филмски, некои театарски, а уживал и голем углед меѓу своите колеги.
Актерот често се сеќаваше на своето детство и на начинот на кој живеел.
„Во Краљево, каде што се родив и пораснав, мајка ми Лепосава Николиќ готвеше колку што можеше, бидејќи имаше многу обврски. Работеше како актерка и учителка. Најчесто правеше српски јадења, а по потекло е од Сомбор, среќна е што приготвува и војводински специјалитети, кои може да бидат предјадење или класичен десерт. За Велигден задолжително имавме ѓеврек, но не како турскиот што се нуди денес. Тој стариот беше од меко, лесно тесто, различен вкус и портокалова боја. Мене ме интересираше како се прават работите, велосипед, кола, па и храна“.
„Најпрвин исклучиво купував готови јадења во конзерви, ги отворав и потопував леб во нив. Подоцна, кога веќе почнав да заработувам, изнајмив стан и го донесов познатиот „Патинов готвач“ што мојот прадедо Марко, по кого сум крстен, и го подарил на мојата мајка. И ден денес го чувам. Во тој кувар содржани се сите домашни јадења и сите почнуваат со иста реченица „на врел зејтин да се издинста кромид“. Хрната ја подготвував по него и по сеќавање како што тоа го правеа мајка ми и баба ми. Јас, на пример, ги ставав боранијата во ванга, ќе седнев и ја ставав во скут и добро ја чистев, па дури потоа продолжував со готвење. Рибата која претходни ја ловев ја давав на пријателите, а потоа почнав и да ја подготвувам. Брзо научив дека рибната чорба не е филозофија и дека некој вели дека е неопходно да се додадат петнаесет видови риби. Доволно се две-три состојки, но навистина добра и квалитетна риба. Јас обично ставам сом и крап.
Како студент не бил сиромашен, но и тогаш ја доживеал магијата на велегардот и не сакал да ја заузда својата немирна природа. Уживал во друштво на убави жени, подоцна се оженил трипати и имаше три деца.
„Кој не доживеал глад, не знае да ја цени храната. Јас го почувствував тоа кога бев студент. Не дека моите родители немаа и не ми праќаа пари и намирници, но јас сакав да лудувам. Знаев како да ја испратам девојката што живееше на Звездара, а потоа застанувавдо „Лион“ и нарачував бифтек. Го добивав тоа што го нарачував и уживав во убава атмосфера и јадењето, а потоа со денови немав што да јадам. Се снаоѓав. Купував со ситни пари купони за студентската менза, додека во кафеаните „Босна“ и „Стари град“ се хранев со бонови. Седев со пријателите, а келнерката ставаше чорба и оставаше корпа полна со леб на масата. Потоа доаѓаше друга да праша што сакаме за главно јадење. Боновите ги земаа на крајот, а ние тоа многу добро го знаевме. Го ставаме лебот во супата која обично беше остната од претходниот ден, само доправена со некои додатоци. Пред да стигне главното јадење ќе побегневме носејќи ги со себе остатоците од лебот. Следниот ден ќе го направиме истото во друг ресторан. Ако моите родители ми испратат пари или ако добиев хонорар од студентската задруга од миење прозорци или украсување на штандови на Саемот, брзо повторно го трошев“.
Кога Марко се разболел за тоа не сакал јавно да зборува. Подоцна се испостави дека тој оди на хемотерапија со јавен превоз, тој бил сам во својата борба. Се чинеше дека ја победи тешката болест, па по две години лекување мислеше дека излегол како победник, а за „Глоси магазин“ одговори на прашањето дали се плаши од болеста.
„Екстремно, го преживеав она што го преживеав и бев на самиот раб од мојот живот. И тоа е страшно. Во ваква ситуација нема одбранбени механизми како што има во некои други стресни ситуации, за да може човек да се одбрани. Кога ќе дојдете во ситуација да се соочите со исчезнувањето, повеќе размислувате за вашата околина, вашето семејство, вашето куче, убавите моменти што ќе ги пропуштите, риболовот, Дунав, чамецот... Можете да замислите колкав страв е тоа кога од него престанав да пијам, пушам и не јадам месо. Бев сладокусец кој сам на себе си подготвував храна, но оана што морав да го јадам. Повеќе не е толку важно што треба да јадам, туку да јадам на време, а јас имам и шеќер, кој исто така има потреба од инсулин, но и покрај сето тоа, се чувствувам многу добро, полн сум со дух, способен сум за работа“.
Но, Марко Николиќ не издржа, тој почина на 2 јануари 2019 година.
Семејството беше подготвено за најлошото
Ќерката на Марко, Мина, за медиумите проговори за смртта на нејзиниот татко и истакна дека семејството е подготвено за најлошото.
„Бидејќи тој долго време беше болен, можев да се подготвам за неизбежното. Ако смртта се случеше ненадејно, веројатно и денес ќе се опоравев од тој шок. Една колешка неодамна ми кажа дека смртта на нејзиниот татко ја погодила дури после десет години, па за да очекувам нови напади на тага. Немам потреба често да одам на гробот на татко ми. Го посетувам гробот кога ќе ми се случи нешто важно“.
Актерката изјави дека не плаче во тие моменти, туку дека најчесто безгрижно ги напушта гробиштата.
„Не разговарам со него, му пуштам музика, најмногу Оливер Драгојевиќ, Анималс, Битлси, се што сакаше. Седнувам, му палам пура. Не верував дека ќе го направам тоа. Почнав да ги правам овие чудни ритуали. Тој ритуал ми беше непознат кога мајка му на пријателот, на синот му запали пура и истури кока-кола на гробот“, рече таа.
Додала дека татко ѝ многу и недостига и дека има различни ситуации во кои чувствува потреба нешто да го праша или едноставно да биде таму покрај неа.
Фото: Принтскрин/ ЈутјубИзвор: Stil.kurir.rs