Нина Бадриќ објави фотографија со помалата сестра: „Нека ти се остварат сите желби на срцето“

Помладата сестра на пејачката Нина Бадриќ, Сунчица, славеше роденден. По тој повод Нина на социјалните мрежи објави нивни заеднички фотографии.

„И нека се остварат сите желби на твоето срце“, напиша таа во описот.

Сунчица во коментарите и се заблагодари за убавите зборови. "Те сакам и многу ми недостигаш. Ти благодарам од се срце", напиша, а Нина и рече: "Прослави денес и за мене".

Нина често ја посетува Сунчица во Италија

Нина не објавува често фотографии со својата сестра, но кога ги објавува, многу луѓе коментираат колку чудно личат. „И двете убави на свој начин“, „Како две сестри близначки“, „Вистински близначки“, им напишаа претходно следбениците.

Инаку, Сунчица живее во Италија со синот Марк. Затоа Нина многу често патува таму, а не крие колку и се допаѓа таа земја.