Нови откритија потврдуваат: Неандерталците биле и уметници

Неандерталците можеби биле поблиску до праисторискиот човек отколку што се веруваше, покажуваат пештерските слики во Шпанија, откривајќи дека овој вид исто така имал потреба да создава уметност, рекоа научниците во неделата.

Пигментот окер е пронајден на сталагмити во пештерата Ардалес, во близина на Малага во јужна Шпанија. Неандерталците го користеле пред околу 65.000 години, што може да ги направи првите уметници на Земјата, според трудот објавен во научното списание ПНАС. Современиот човек се‘ уште не постоел во тоа време.

Новите откритија се дополнителен доказ дека неандерталците, кои изумреле пред околу 40.000 години, не биле несофистицирани роднини на хомо сапиенс, како што се прикажани долго време.

Пигменти се користеле во пештерата во различни периоди, помеѓу 15.000 и 20.000 години, според истражувањето што го негира претходното тврдење дека тие биле резултат на природен процес на оксидација.

Џоао Зилхао, еден од авторите на студијата, рече дека неандерталците ставиле окер на сталагмити веројатно како дел од ритуалот.

„Важноста на ова откритие е што го менува нашиот став кон неандерталците. Тие беа поблиску до денешните луѓе. Последните истражувања покажуваат дека тие сакале предмети и се размножувале со луѓе, како и ние, и сликале во пештери“, рече Зилхао.

Сликите на ѕидовите на праисториските луѓе, како оние во пештерата Шове-Понт д’Арк во Франција, се стари повеќе од 30.000 години.


Фото: STEPHANE DE SAKUTIN / AFP