Од генијалност до будалаштини: Бизнис идеи што направија милиони!
Тоа дека човечката креативност и иновативноста во сферата на бизнисот не ги знаат границите, најдобро сведочат оние претприемачи кои го стекнале целото богатство од навидум глупави идеи.
Некои се смееја на нив, некои ги нарекуваа луди, ама тие заработија милиони. Ние ви ги претставуваме најчудните бизнис идеи кои оствариле неочекувано голем профит, а вие сами пресудете дали се глупави или брилијантни.
Очила за кучиња
Првично, тие најдоа примена во американската војска и одиграа заштитна улога - заштита на кучињата од честички од сонцето и песок за време на невреме и за време на војната во Ирак. Во меѓувреме, тие се пробиваат на „модниот“ пазар низ целиот свет. Сопствениците на кучиња кои сакаат нивното милениче да биде во тренд, започнаа масовно да ги купуваат, и така оваа смешна идеја стана сериозна работа.
Куќен миленик- камен
Дали сакате да имате домашно милениче, но немате време или ве мрзи да се грижите за него? Еден човек по име Гери Дал измисли генијално решение за вас во 1970-тите, куќно милениче- камен! Да, камен! Вие не треба да го нахраните, не мора да го шетате, да го исчистите или да го однесете на ветеринар.
Нема да верувате, но Гери направи 20 милиони долари од продажбата на камења.
Перница против осаменост
Нема човек на овој свет кој понекогаш не се чувствува осамен. Според психолошкото истражување, ова непријатно чувство најчесто е предизвикано ноќе кога одиме во кревет. Бројни студии покажале дека луѓето во тие моменти “страдаат“ за прегратки. Ова доведе до производ наречен "перница за гушкање".
Едноставен, но брилијантен производ кој се нашол во многу домови низ целиот свет. Тој се здоби со посебна популарност кај припадниците на поубавиот пол.
Порака на компир
Колку пати до сега сте испратиле порака некому... на компир? Па, можеби ќе ве изненади кога ќе дознаете дека луѓето ширум светот испраќаат пораки едни на други токму преку компир. Причината за ова е добра рекламна „шега“ на група луѓе во Северна Калифорнија.
Имено, преку нивната веб страница можете да испратите порака на некого со фломастер испишана на компир, за само 9,99 долари. Дури и самите креатори на овој бизнис кога започнаа, не можеа ни да замислат дека ова ќе им донесе голема заработка.
Прекривач за глава
На прв поглед, обичено платно со пробушена дупка во средина, а всушност тоа е прекривач глава. Производот е наменет за лица кои се покриваат за време на спиењето над главата. Дупката во средина е всушност отвор за нос и ви овозможува слободно да дишете.
Ова е можеби најчудното од сите деловни идеи, иако не е прилично чудно како и самата реклама што ја промовираа и заработија 10 милиони долари.