Од партали до богатство: Мутимилионер ги изненади сиромашните луѓе од неговото село со подарок- куќа или стан за секого
Кинескиот мултимилионер по име Јонг Шуихуа ги срушил сите куќи во сиромашното село во кое го поминал детството и изградил луксузни домови за сите.
„Заработив повеќе пари отколку што можев да потрошам и не сакав да заборавам на моите корени“, рече Ксионг објаснувајќи го својот чин.
Јонг Шуихуа инаку е роден во селото Ксионгкенг близу градот Синју во јужна Кина. Селото и неговите жители одиграле важна улога во неговото воспитување, поддржувајќи го него и неговото семејство низ годините.
Тој е „челичен“ тајкун, има 54 години и парите ги заработил пред се во градежната индустрија, а подоцна и во трговијата со челик.
На сите жители им изградил нова куќа, вила или стан. Потфатот го чинел околу 10 милиони долари.
Шуихуа дури им ветил три оброци на ден на постарите жители и на луѓето со ниски примања за да можат пристојно да живеат.