Офицерка сними порно со колега во тајна нуклеарна база: Скандал ја тресе Кралската морнарица во Британија

- Командантите не можат да поверуваат. Ова може да предизвика разни безбедносни ризици - изјави еден поморски извор за британски „Sun“.

Кралската морнарица е потресена од голем скандал откако офицерка сними неколку порнографски видеа со колега морнар во тајна нуклеарна база и ги споделила снимките на социјална мрежа за возрасни.

Поручникот Клер Џенкинс, позната на социјалната мрежа како Кали Тејлор, објави експлицитно видео од себе со морнарот Лиам Додингтон, коe е направенo на тајната локација на подморницата во Шкотска, пренесува „Њујорк пост“.

 - Командантите не можат да поверуваат. Ова може да предизвика разни безбедносни ризици - изјави еден поморски извор за британски „Sun“. Соочена со своите шефови, Џенкинс ја признаla одговорноста и продолжиla да објавува нови снимки за време на викендот.

Портпарол на Кралската морнарица потврди дека истрагата е во тек. - Доколку персоналот не постапи во согласност со нашите вредности и стандарди, нема да се двоумиме да преземеме соодветни чекори - изјави претставник на Кралската морнарица.


Фото: Mail online

Можеби ќе ве интересира:

Подморница во пустина???