Забава // Занимливости
Откриен тунел од 55 метри под болницата Ал-Шифа во Газа: Израел и Хамас со жестоки напади
- 20 Ноември, 2023
Израел во неделата објави видео од, како што го опиша, тунелот ископан од палестинските милитанти под најголемата болница во Појасот Газа, фокус на неговите мисии за пребарување и уништување против Хамас во војната која сега е во седмата недела.
Иако признаваат дека има мрежа од стотици километри тајни тунели, бункери и пристапни окна низ палестинската енклава, Хамас негираше дека тие се наоѓаат во цивилна инфраструктура како болници. Во ажурирањето на операциите во болницата Ал Шифа во градот Газа, израелската војска соопшти дека нејзините инженери откриле тунел длабок 10 метри и од 55 метри до вратата отпорна на експлозија.