Откриена голема тајна: Внатрешноста на овие ѕидови го прави Кремељ уникатен
Многу работи допрва ќе се откриваат...
Бројни остатоци од керамички садови беа откриени во sидовите на Кремељ, а откритието може да послужи како доказ дека населба постоела на тоа место 1.000 години п.н.е., рече Николај Макаров, директор на Институтот за археологија при Руската академија на науките.
Истражувањата на плоштадот „Болшој Кремљовски“ продолжуваат од мај, а ненадејно се откриени делови од керамички садови од Железното време, кои, според Макаров, претставуваат пра историја, а најверојатно биле оставени од Финци кои живееле на бреговите на реката Москва во втората половина на 11 еден век пред нашата ера, пренесува Тас.
Според него, порано се шпекулираше дека тие живееле таму, а сега се пронајдени докази.
- Врз основа на сознанијата, можеме да кажеме дека населбата Ѓаково постоела тука и дека тоа било постојана населба, а не случајна локација што ја посетиле луѓе од оваа урго- финска култура - рече Макаров.
Инаку, импоантната руска градба е една од најубавите на светот, а одделни делови се прекриени со злато. Рускиот претседател Владимир Путин е убеден дека ова место има толку многу историја, каква што ја нема нигде во светот.