Откриено што се крие зад совршените задници на фитнес девојките: Општеството ни наметнува стандарди за убавина кои дури и не постојат
Дека рекламите не претставуваат баш реална слика за тоа што го пласираат, знаеме одамна, а ако е така, еве уште еден доказ.
Доколку досега сте имале комплекс поради вашиот физички изглед, немојте повеќе да го правите тоа, бидејќи решението доаѓа - кинески гаќички со силикони кои го зголемуваат обемот на женскиот задник. Па ако девојките од рекламите можат да ги носат, можете и вие.
Шегата на страна, тука сме да ви откриеме што се крие зад совршените задници на девојките од рекламите во теретана.
Се кријат гаќи со сунѓери кои го зголемуваат задникот, или во овој случај две одвоени сунѓери.
На видеото кое кружи на социјалните мрежи, на фитнес девојката пред да почне да ја снима рекламата, жена и вметнува во хеланките два сунѓера за да и го зголеми задникот.
Ова видео набрзо стана вирално, беше лајкувано преку милион пати, а коментарите на разочараните луѓе само продолжија да доаѓаат.
„Ова е многу тажно“, „Сега се чувствувам подобро, ви благодарам“, „Зошто жените се толку несигурни“, „Речиси секоја девојка/жена е несигурна, затоа што општеството нè учи на овие стандарди за убавина, кои дури и не постојат“
А што имате да кажете за овој потег во рекламата?
Foto: TikTok / screenshot