Ова е македонскиот Царски орел: По едно нешто е неверојатен

Ова е многу редок и загрозен вид кој е пред исчезнување во Македонија. Има распон на крилјата до 210 цм и тежина до 4,5 кг. Прави големи гнезда на високи, стари дрвја, осамени или во шуми. 

Ловното подрачје му се отворените терени: степи, пасишта, земјоделски површини и сл. Главно се храни со мали цицачи, со гулаби, врани и др птици, со змии, желки, гуштери, зајци, ежови и сл. Инкубира 2-3 јајца, но има многу мала просечна успешност во подигањето млади.

Се среќава во низината северно од Демиркаписката клисура каде во недостаток на поволни природни места за гнездење прави гнезда и на високо напонски столбови. Во народот има верување дека орелот попознат и како крсташ го штити полето и земјоделците од невреме, град.

Интересно е тоа што Царскиот орел секогаш ги прави своите гнезда во близина на луѓето. Не може да се најде гнездо далеку од населено место. Уште од дамнешни времиња постоела поврзаност меѓу човекот и луѓето. 

Постои и верување меѓу постарите луѓе дека орелот го штити селото од градоносните облаци, кога ќе наишле облаците тој ќе влетал во нив, правел кругови и со тоа го одвлекувал од населеното место и го спасувал од град. Ова верување секаде постои каде го има крсташот, дури и во другите земји го има истото верување.