Ова е најсигурниот автомобил на светот: Еве зошто

Најголемиот џип на шведскиот производител го лансираа на пазарот пред 17 години, при што втората генерација пристигна во 2015 година. Од неговото лансирање во 2002 година, над 50,000 модели на Volvo XC90 се испорачани на клиентите во Велика Британија.

Според резултатите од тестот објавени од лабораторијата „Thatcham истражување“, тој е најбезбедното возилово моментов.

Една од причините за ваквиот добар безбедносен запис - 17 години без смртни случаи во XC90 - е раното воведување на електронски системи за помош, вклучително и автоматско сопирање при итни случаи.

Истражувањето Thatcham посочува дека овој систем сега е стандарден дел од опремата на многу нови модели на автомобили што ги тестира.

Лабораторијата ја смета оваа технологија за најважна иновација кога станува збор за безбедноста при возењето од воведувањето на безбедносните ремени.

Фактот што Volvo XC90 е прогласен за најбезбеден модел на островот не е изненадувачки, со оглед на тоа што автомобилите од Шведска со децении важатза екстремно безбедни возила. Волво си постави цел, почнувајќи од оваа година година, никој во светот да не погине во ниту еден од моделите на овој бренд.