Ова што го гледате е веќе вградено во приватен авион: Иднина пред време
Авијациската индустрија постои од 1914 година и сигурно не можеме да кажеме дека таа не еволуирала, па дури и целосно се променила…
Авионите сигурно се сменија, па сега имаат ентериери, но некои аспекти, како што се прозорците, распоредот на седиштата и основното искуство, кое може да биде луксузно и пријатно, драстично не се промениле до сега. Никој не очекува да види авион без прозорци кога се качува на неговиот лет, очекувајќи дека ќе изгледа сосема поинаку во споредба со обичните авиони.
Токму овој елемент на изненадување го користи компанијата што може да се нарече иноватор во авијацискиот сектор, Розен Авијација, кој го претстави нивниот напредно-технолошки концепт, наречен „Маверик проект“. Верен на своето име, овој авион има кабина која, слободно можеме да кажеме, претставува парче од иднината. Ли Кларк, виш потпретседател на брендот, рече: „Проектот Маверик е создаден поради фактот што индустријата на авиони навистина заостанува кога станува збор за развој и промени, во споредба со станбениот или автомобилскиот свет“.
Самиот авион делува како нешто наменето за истражување на вселената, со кабина која е футуристичка и седишта кои делуваат како да се наменети за пилоти, а не за патници. Всушност, потсетува целосно на пилотска кабина исполнета со технологија која работи без допир и амбиентално осветлување.
Просторот е опремен со високотехнолошки детали, како што се станици за безжично полнење и површини со контроли чувствителни на допир. Можеме да забележиме и нешто поретки компоненти, како што се огромни OLED екрани и виртуелни клучеви, или паметни сензори, кои ги заменуваат застарените механички прекинувачи.
Проектот Маверик може да прикаже целосна холографска тастатура на површината на масата, која може да се користи за персонализирање на поставките и е целосно хигиенска, што е од големо значење во пост-пандемскиот свет.
Обичните, мали, правоаголни прозорци на авиони се заменети со OLED дисплеи кои создаваат виртуелна средина, која може да емитува слики од небото во вистинско време, да се користи за деловни презентации, приказ на протокот на летови и слично.