ОВАА ЖЕНА БИЛА ПОСУРОВА ОД ПАБЛO ЕСКОБАР: Ширела страв и трепет, а само погледнете што му направила на синот
Griselda Blanco, фотo: Profimedia
Успешно водела бизнис од Колумбија и испраќала кокаин во САД
Оваа жена ширела страв и трепет во подземјето во Мајами, а се уште се вели дека била посурова од нарко босот Пабло Ескобар.
Гариселда Бланко не поштеди никого на својот пат кон власта, па ни синот. Позната како Ла Мадрина, нарко-кралицата на Колумбија, таа влезе во бизнисот со кокаин во 1970 година, кога Пабло Ескобар сè уште беше обичен крадец на автомобили.
Бланко прво се здоби со име како трговец со луѓе, а дури подоцна стана главен играч во војните со дрога. За време на нејзиното владеење, таа собра бројни непријатели на Соединетите Држави и низ Колумбија.
Во нејзино име се случија разни престрелки, рации по куќи и многу убиства. Таа направи се за да ги елиминира своите непријатели.
Таа влевала страв во коските каде и да се појави, се вели дека била посурова и полоша од сите мажи кои се занимавале со трговија со дрога. Таа беше официјално одговорна за најмалку 250 убиства и потенцијално повеќе од 2.000.
Имала многу тешко и мрачно детство. Родена е во 1943 година и имала само 11 години кога го извршила првото злосторство. Киднапирала десетгодишно момче, а потоа ги убила неговите родители бидејќи не го платиле откупот за нивното дете.
На 13 години кога побегнала и останала на улица сфатила што всушност се парите од криминал. Потоа го запознала Карлос Трухиљо, шверцер кој емигрирал во САД, кој во иднина ќе и стане сопруг. Иако со Карлс имала три сина, нивниот брак не траел. Бланко подоцна ќе го убие Трухиљо, кој е првиот од нејзините тројца сопрузи кој завршил брутално. По пропаѓањето на нејзиниот прв брак, таа набрзо го запознала својот втор сопруг Алберт Браво. Тој ја запознал Бланко со трговијата со кокаин и со неа се преселил во Њујорк.
Бланко и Брава ги уапси ДЕА во 1975 година, но таа успеа да побегне во Колумбија. Таму наводно е убиен Брава во пукање што резултирало со исчезнување на милиони. По смртта на вториот сопруг, Гризелда Бланко добила нова титула - Црна вдовица.
Во меѓувреме почнала да дизајнира специјални градници и долна облека за да го скрие кокаинот. Успешно водела бизнис од Колумбија и испраќала кокаин во САД. Таа се омажи за сопругот број три, ограбувач на банка по име Дарио Сепулведа, а истата година се роди нејзиниот четврти син - Мајкл Корлеоне, по ликот на Ал Пачино од Кум.
Имала приватни авиони, скапи автомобили, вили, куќи. Имала се и ништо не и било забрането. Организирала разни познати забави, а се зборувало дека сериозно почнала да се дрогира. Таа во параноја убивала без причина.
Гледајќи дека нејзиното лудило расте, нејзиниот трет сопруг Сепулведа го киднапирал нивниот син и побегнал во Колумбија. Мадрина, се разбира, го нашла и испратила луѓе да го спасат. Го убиле пред очите на нивното дете.
На врвот на нејзината моќ во 1980-тите, Гризелда Бланко надгледуваше организација вредна милијарда долари која транспортираше над 1.500 килограми кокаин во САД, месечно.
Меѓутоа, во 1985 година била уапсена на 42-годишна возраст. Но, во затворот нашла нова љубов, а преку неа од затвор го продолжила бизнисот.
Во 1992 година ја доживеала својата најголема тага и болка кога тогаш веќе познатиот Пабло Ескобар наредил убиство на Освалд, нејзиниот прв син. По таа огромна несреќа, Гризелда претрпува нов огромен пораз, кога нејзиниот главен убиец решава да сведочи против неа. Сепак, тој не се сметаше за веродостоен сведок, а таа ја избегна смртната казна. Излезе од затвор во 2004 година, а само осум години подоцна беше застрелана пред месарница. Таа им правеше зло на многу луѓе, а имаше толку многу непријатели, што никогаш не се дозна кој го извршил нејзиното убиство.
извор:espreso.co.rs