Па дали е можно: Повикал полиција да го провери квалитетот на неговата дрога

Маж од Флорида е уапсен откако повикал полиција да го провери квалитетот и автентичноста на неговиот метамфетамин ...

Ако веќе избравте да си го зачините животот со наркотици, здравиот разум налага дека првото правило е - никогаш и во никој случај не е паметно да и кажете такво нешто на полицијата. Со Томас Јуџин Колучи од Спринг Хил, дефинитивно нешто не е во ред, бидејќи неговото разбирање за светот не е исто како и нашето.

Четириесет и едногодишниот маж побрзал кај локалната полициска патрола, откако се јавил во централата, со неверојатно итен проблем, сакајќи да му помогнат да ја тестира и да ја потврди автентичноста на неговата дрога, која ја купил во кафе бар и за чиј квалитет не бил сигурен.

Замениците шерифи на округот Хернандо пристигнале во неговиот дом на 10 март по чудно барање што го добиле од Колучи. Тој им рекол на полицајците дека пред извесно време купил метамфетамин од човек што го сретнал во локално кафуле, но се посомневал дека е измамен и дека всушност тоа е сол за капење, пренесуваат локалните медиуми.

Подоцна во полиција признал дека долги години бил искусен наркоман и дека претходно користел мет и знае какво е чувството, стои во официјалниот полициски извештај. Но, во оваа прилика купувањето што го направи не го даде ефектот што го очекуваше. Колучи потоа му подели две мали кесички со супстанција слична на кристал на еден од полицајците за да провери.

Овој човек кој очигледно му бил испран мозокот од дрога не само што обезбедувал метамфетамин за тестирање, надевајќи се дека ќе спречи други луѓе да паднат во стапицата и да купат лажни дроги, туку сакал и полицајците добро да го „пребараат“ манипулаторот. За жал, тој не можеше да даде корисни информации за овој дилер.

Секако, како што доликува, заменикот изврши теренско тестирање на бел кристал добиен од секоја кеса по барање на клиентот. Содржината на двете пакетчиња тестирани во оваа прилика беа позитивни на метамфетамин, велат полициски извори.

Колучи бил уапсен и стрпан на задното седиште од патролното возило, каде што започнале неописливи болки во градите. Тој бил пренесен во локалната болница, а подоцна бил отпуштен од дежурниот лекар, со констатација дека е добро. Подоцна истата вечер, Калучи заврши во окружниот затвор под обвинение за поседување дрога и за поседување на реквизити за дрога.

Колучи беше ослободен следниот ден со кауција од 7.000 долари. Канцеларијата на шерифот ја сподели оваа неверојатна приказна преку социјалните мрежи, заедно со слика на Колучи и друга фотографија со опис: „Невозможно е да се измислуваат вакви работи!“.