Палатата објави: Најтажната принцеза Шарлин по повеќемесечно лекување се врати дома
Најтажната принцеза по
повеќемесечно лекување се врати дома, а веста ја објави палатата
Монегаската принцеза Шарлин се врати дома по четири месеци лекување во ментална институција во Швајцарија. 44-годишната принцеза повторно е со семејството, а веста ја пренесе магазинот People. Набргу потоа за се‘ и официјално информираше палатата во Монако.
Тие истакнаа дека Шарлин е подготвена да ги продолжи своите кралски должности со нејзиниот сопруг принцот Алберт и нивните деца, близнаците Жак и Габриела. Од палатата додаваат дека нејзиното враќање дома е резултат на големата грижа што ја имала на клиниката, а се било одобрено од нејзините психијатри.
Да потсетиме, принцезата Шарлин заврши на лекување само неколку дена откако се врати во Монако кај своето семејство од кое беше разделена 10 месеци.
„Очигледно беше исцрпена, физички и емоционално. Беше преоптоварена и не можеше да се справи со службените обврски, воопшто со животот, па дури и со семејниот живот. Тоа секако беше фактор, но во овој момент повеќе би сакал да не коментирам“, рече принцот Алберт пред неколку месеци.
Инаку, за проблемите во нивниот брак постојано се шпекулираше за време на нејзиниот престој во Јужна Африка и многумина се сомневаа дека таа ќе му се врати, но тој упорно и жестоко ги демантираше овие гласини, а деновиве се шпекулира дека нејзе многу ја поддржувал рускиот милијардер Владимир Доронин, кој е познат и како поранешен свршеник на супермоделот Наоми Кембел.
„Шарлин и Владимир се во контакт и поминуваат многу време заедно. Изгледа дека нашла поддршка во него за време на нејзините брачни проблеми", рекол извор близок до The Sun.
Фото: Профимедиа