Памелче во својот фризерски салон постави камера и го освои светот. Не е тешко да се погоди зошто...
Одењето во фризерски салон никогаш нема да ви изгледа попримамливо откако ќе ја запознаете фризерката Памелче! Инаку, Памелче е бјути инфлуенсер со орда следбеници на социјалните мрежи како Инстаграм, ТикТок и Јутјуб. 27-годишната ѕвезда, чие вистинско име е Ајгерим Бекжан, е родум од Казахстан, а популарноста најпрво ја стекна со своите туторијали за убавина и дотерување.
На Инстаграм ја следат 265.000 луѓе, а таа редовно ги почестува со својот изглед, прегледи на производи за убавина и туторијали за шминкање. На TikTok и YouTube сака да покажува видеа од нејзиниот фризерски салон, бидејќи меѓу другото работи и како фризер. Сака да се облекува провокативно, а клиентите ги пречекува во раскошно деколте, а пред нејзиниот салон редовно се создаваат редици, пред се мажи.
Нето вредноста на Памелче се проценува на околу 500 илјади долари, што е доста импресивно ако се земе предвид дека таа е сè уште многу млада. Значителен дел од приходите се остваруваат преку соработка со брендови, спонзорирана содржина и маркетинг на социјалните мрежи.