ПАРОТ вдомил МЕЧКА! Има 450 килограми, со нив јаде и гледа телевизија (ВИДЕО)
Светлана и Јуриј Пантеленко од Русија го посвоиле мечето Степан кога имало само три месеци.
Младенчето било пронајдено во шума како плаче по својата мајка која ја убиле ловци, па кога сфатиле колку е беспомошно, решиле да го однесат дома.
Оттогаш поминаа 20 години, а Степан е сè уште со нив. Иако тежи повеќе од 450 килограми и е висок преку два метри, целосно се однесува како и секое друго домашно милениче. Тој седи на каучот со своите сопственици и гледа телевизија. Им помага во полевањето на цвеќето, а дневно јаде по 25 килограми риба, зеленчук и јајца. Светлана и Јури велат дека Степан е многу нежен.
- Го пронајдоа ловџиите кога бил мал. Ја изгубил мајка си и бил во многу лоша состојба. Тој е многу дружељубив и многу ги сака луѓето. Воопшто не е агресивен. Има различни таленти и сака патувања – откри парот за Дејли Мејл.
Иако ова животно е припитомено и никогаш немало контакт со дивината, сепак има свои инстинкти. Јуриј и Светлана се свесни за тоа, па го третираат Степан со максимална почит и знаат дека нема да им наштети.