По срцев удар, се зарази со коронавирус: Антонио Бандерас со кревко здравје
Еден од најпопуларните холивудски актери, 60-годишниот Антонио Бандерас, обајви дека го прославил роденденот во карантин бидејќи е позитивен на Ковид-19.
Неодамна за магазинот „People“ откри колку е близок со неговата поранешна сопруга Мелани Грифит. Иако се разведоа во декември 2015-та година, по речиси две децении брак, двојката останала во пријателски односи.
- Мојот живот никогаш не бил совршен и поминувам низ сопствени проблеми. Предизвикот со кој се соочуваат сите славни е токму тоа што се обидуваат да го вратат нормалниот секојдневен живот“ - изјави актерот и објасни дека кога самите себеси ќе ги изградите дворец, тогаш многу лесно го губите контактот со реалноста.
Тој признава дека срцевиот удар во 2017-та година е најголемата причина за животен пресврт кој му се случил. Но исто така, вели дека ситуацијата со коронавирусот е сериозно нешто и не треба да се прифати со резерва.