Покрај Оскарот, доби и Орден за заслуги за Македонија- почина легендарниот композитор Енио Мориконе
Никогаш нема да се заборави музиката за Шпагети вестерн класиците „За грст долари“, „За долар повеќе“, „Добриот, лошиот и грдиот“, „Беше еднаш на дивиот запад“, како и музиката за хорор класиката „Суштество“ на Џон Карпентер, „Беше еднаш во Америка“, „Недопирливите“ и други... Сите тие ремек дела од композиторот и диригент Енио Мориконе кој почина во 91 година ноќеска во клиника во Рим како последица oд пад при кој го скршил колкот, јавија италијанските медиуми. Тој ќе биде погребан во кругот на семејството пренесува „Кориере дела сера“.
Неверојатно
плоден автор, светски признаен и врвен во сето она што го работи.
Во 2007 година италијанецот Енио Мориконе доби почесен Оскар, а во 2016 Оскар за музика за филмот на Квентин Тарантино „Омразените осумина“. Соработуваше со легендарните режисери како Серџо Леоне, Брајан де Палма, Џузепе Торнаторе, Бари Ленвинстон, Џон Карпентер, Квентин Тарантино...
И не ја имавме честа да го видиме и да ги почуствуваме врвните звуци. Во 2009 година тој настапи на отворањето на 49-то издание на Фестивалот „Охридско лето“. Беше диригент на музичкиот спектакл „Беше еднаш во Македонија“, а тогашниот претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, во Охрид го одликуваше со “Орден за заслуги за Македонија“ поради исклучителни резултати во неговото музичко творештво.