Поради санкциите, Русин го наполнил фрижидерот со храна од Мекдоналдс, но луѓето од Балканот гледаат во ова

Непознат љубител на брза храна на Редит објави фотографија од својот фрижидер полн со храна од Мекдоналдс, но сепак нешто друго паѓа во очи

Откако претседателот на Русија, Владимир Путин, започна специјална воена операција во Украина, голем број западни земји, но и компании воведоа санкции кон оваа земја.

Свој став за овој горлив проблем зазедоа и Airbnb, Amazon, Apple, Facebook со матичната компанија Meta, Hitachi, IBM, Intel, Microsoft, Netflix, Roku, Spotify, Twitter, YouTube и Google.

Меѓу последните во низата е и компанијата Мекдоналдс, која привремено ги затвори сите ресторани во оваа земја. Кога компанијата објави дека се повлекува од рускиот пазар, голем број љубители на овој ресторан за брза храна побрзаа до најблиските продавници за да уживаат во омилените оброци. 

Еден од нив отиде чекор понатаму. Непознат љубител на брза храна на Редит објави фотографија од својот фрижидер полн со храна од Мекдоналдс, но сепак нешто друго паѓа во очи. 

На една од полиците во фрижидерот под сите плескавици има пакување фета сирење, ни помалку ни повеќе од познат српски производител.


Фото: Reddit/noahstemann