Поранешната сопруга сака да ги смири? Сите зборуваат за разводот на Џеј Ло и Афлек, а таа сака да го спаси туѓиот брак

ФОТО: Profimedia

И двете се плашат дека ќе му се врати на својот порок - алкохолот

Поранешната сопруга на Бен Афлек, Џенифер Гарнер, е видена како пристигнува на имотот на Бен во неделата, а според извори, Гарнер се обидува да го спаси бракот со Џенифер Лопез. Според изворите, Џенифер ѝ се доверила на поранешната сопруга на Бен, а како што пишува „Dailymail“ и двете се плашат дека Бен ќе му се врати на својот порок - алкохолот.

Се вели дека пејачката ја сака Џенифер Гарнер и дека „само таа може да разбере низ што поминува нивниот брак во моментов“.

„Џенифер Гарнер не сака нивниот брак да се сруши бидејќи таа навистина ѝ е грижа. Дојде кај Бен за да разговара со него за целата ситуација. Џенифер е една од ретките луѓе кои можат да допрат до него. Бен е сега исфрустиран и не може да побегне од своите проблеми“, рекол изворот, додавајќи дека неговите блиски луѓе се плашат дека Бен повторно ќе почне да пие.

По разводот со Гарнер, Бен Афлек зборуваше за тоа како „срамота е начинот на кој заврши нивниот брак“.

„Пиев релативно нормално долго време. Едноставно се случи да почнам да пијам повеќе и повеќе кога мојот брак се распадна. Моето пиење, се разбира, создаде повеќе брачни проблеми", рече тогаш Бен, а на јавноста ѝ било познато дека заврши на рехабилитација во август 2018-ма година.

Изворот нагласи дека и Џенифер Лопез и Бен се обидуваат да го пребродат овој тежок период, а неговата поранешна сопруга многу се труди да им помогне во тоа.

„Џен навистина се труди. Нивните деца се обожаваат и би било страшно ова да заврши. Има толку многу причини зошто треба да го решат тоа и многу малку причини зошто треба да го прекинат", рекол изворот.

Како што наведува и изворот, најмногу ги „убива“ тоа што времето не сменило кои се навистина.

„Уште од објавувањето на нејзиниот албум, тие се на разнишани терени. Она што и двајцата не го сфатија е дека повторно се соочуваат со истите проблеми како и првиот пат кога раскинаа. Времето не го смени тоа што се, “, рече изворот.

Да потсетиме дека нивната љубов доживеа бродолом пред две децении. Тие се запознале додека работеле на филмот „Џигли“, влегле во љубовна врска, се вериле и планирале венчавка, за потоа Џенифер Лопез и Бен Афлек да раскинат како гром од ведро небо.

И двајцата беа во брак, а потоа решија да ѝ дадат уште една шанса на својата љубов и тајно стапнаа на „лудиот камен“ пред нешто повеќе од две години.

Шпекулациите дека нешто не е во ред меѓу актерот и Џеј Ло започнаа пред неколку дена откако парот речиси два месеци не се појавил заедно во јавноста. И додека ова сигурно фрла сомнеж, вистината е дека и двајцата имаа многу зафатени распореди - тој го снимаше „The Accountant“ во Лос Анџелес, а таа беше копретседавач на Мет Галата во Њујорк.

После сѐ што беше кажано, сопружниците сепак беа видени заедно, првично на училишната изведба на ќерката на Бен, Фин, а потоа беа фотографирани кога актерот дојде да ја земе Џенифер пред хотел.


Извор: espreso.rs