Пожарникар со сопругата 10 години се обидувале да имаат дете: Потоа нашол кутија која засекогаш му го променила животот
„Ја засакав откако првпат ја погледнавме“, рекол пожарникарот...
Навикнати сме пожарникарите да спасуваат животи, но не баш вака. Имено, пожарникарот кој сакал да остане анонимен го посвоил девојчето чиј живот го спасил минатата година. Додека бил на должност во својата противпожарна станица во градот Окала, Флорида, околу два часот по полноќ, слушнал аларм кој сигнализирал дека некој ставил дете во „Haven Baby Box“, сеф каде мајките во криза можат да го остават нивното дете, кое постои во неговата противпожарна станица, пишува New York Post.
Иако алармите честопати биле лажни, откако ѕирнал во кутијата, видел мало девојче, кое подоцна ќе го нарече Зои, како мирно го држи шишето и гледа во него.
„Ја зедов и ја држев во раце. Нашите погледи се сретнаа и тоа беше тоа. Ја засакав од тој момент", рекол тој. Пожарникарот и неговата сопруга ја посвоија Зои.
Тој напишал допис до Центарот за социјална работа во кој изразил желба и подготвеност за посвојување.
„Им објаснив дека мојата сопруга и јас се обидуваме да имаме дете 10 години. Им кажав дека во Флорида ги завршивме сите чекори од процесот и дека сме се регистрирале да посвоиме дете. Само ни требаше дете" - вели среќниот татко.
„Како ја најдов, Господ ни помогна“ – заклучил таткото на девојчето. Таа приказна сакаше да ја раскаже за медиумите, со надеж дека нејзината мајка ќе види дека детето е згрижено и дека тоа ќе ја утеши.
Благодарение на програмата Safe Haven, во земјата се поставени 148 кутии во кои родителите можат да го остават своето дете и да бидат сигурни дека некој ќе се грижи за него, а заедно со Зои благодарение на нив се спасени уште 30 деца.
Според веб-страницата Safe Haven, во моментов има 148 вакви кутии низ земјата, а во нив се сместени 31 новороденче. Основачот на програмата Моника Келси и се заблагодари на непознатата мајка што го оставила детето на безбедно место.
„До родителите кои легално го предадоа ова дете: Ви благодариме! Ви благодариме што се грижите за неа и што го доведовте вашето дете на место за кое знаевте дека некој добро ќе се грижи за неа. И ви благодариме што го направивте она што сметавте дека е најдоброто за неа“ – заклучила таа.
Извор: Najzena.alo.rs