Преку канализација ќе ја пратат ситуацијата со коронавирусот заради рано предупредување од вториот бран
ИТАЛИЈА планира да ги следи отпадните води низ целата земја за евентуално рано предупредување за ширење на нов бран на коронавирус, соопшти Националниот институт за здравство (ИСС).
Италија сака да се подготви за можен нов бран на коронавирус. Таа е една од најтешко погодените земји во пандемијата со 242.114 заразени и 34.914 мртви.
Следењето на отпадни води ќе се фокусира на приоритетните области, како што се туристичките одморалишта во првата фаза овој месец. Во октомври, ќе започне да се шири во сите италијански градови.
Проектот, кој ќе биде координиран од ISS, ќе го спроведат регионални агенции, локални здравствени власти, универзитети и 50 комунални услуги. Примероците на вода ќе бидат анализирани за да се открие траги на коронавирус кај популацијата, според ISS.
„Овој пристап ќе може да предвиди каде вирусот циркулира во нашата земја“, рече Лука Луцентини, директор на одделот за квалитет на водата на ISS.
Минатиот месец, ISS објави дека научниците пронајдоа траги од коронавирус во отпадните води на Милано и Торино во декември 2019 година, посочувајќи дека ковид-19 циркулира во северна Италија дури и пред Кина да ги потврди првите случаи на инфекција.
Истражувањата во Холандија, Франција и Австралија откриле и траги на коронавирус во канализацијата, така што многу земји почнале да анализираат отпадни води за следење на болеста.