Убавите жени многу често ги следат контроверзи, но некои завршуваат и истепани. Таков е случајот со убавицата- една од најубавите украински манекенки Дарија Кирлиук која беше брутално претепана во Турција.
Одма после тоа, објави фотографија на Инстаграм на која се гледа нејзината состојба по конфликтот и испрати порака:
“Не сакам да молчам. Сакам да кажам што се случи со мене, моето момче и нашите пријатели. Бевме нападнати од чувари на плажа. Четири девојки, меѓу кои и мене, не удраа во лице и момците од групата беа сериозно повредени. Раскажавме се на полицијата “, напиша таа.
Дарија е девојка на турскиот фудбалер Баран Гунес и беше претепана заедно со него и некои други пријатели на плажа од страна на обезбедувањето.
Патем, управата на плажата тврди дека во групата во која се наоѓала манекенката се тепале едни со други, и дека припадниците на обезбедувањето само се обиделе да ги разделат.