Претставничката на Хрватска за Евровизија живее со својата баба: Јавноста се крена на нозе поради тоа што Албина не влезе во финалето

Албина е студентка по англиски јазик и литература и историја на Филозофскиот факултет во родниот Сплит. Живее со нејзината баба, која и е најголема поддршка и која ја поддржува богатата имагинација на Албина уште од детството. Шест години свиреше пијано во музичко училиште, а како осумгодишно дете се приклучи на „Музички таленти“, музичко-едукативен проект за деца, млади и возрасни. Така се в вљуби во сцената и таа љубов досега не ја напушти.
Пресвртна точка во нејзиниот живот и најубавото искуство беше училишниот мјузикл што училиштето на Албина го подготви во соработка со англиски колеги во Хрватскиот народен театар во Сплит.
Воспитувањето на Албина на музичката сцена беше забележано од самиот почеток. Како шеснаесет годишна, таа беше прогласена за тинејџерска sвезда во Хрватска, а оттогаш често настапуваше на сите социјални настани во Сплит. Таа обожава полифонија и пее на шпански јазик, а исклучително се радува на дружења и музички соработки во The Voice.
Најголемиот успех е секако победата на Дора, фестивалот на кој Хрватска бира претставник на изборот за Песна на Евровизија. Албина настапуваше во првото полуфинале во Ротердам со песната Тик Ток и не се пласира во финалето.
Се крена голема прашина затоа што поголемиот број сметаат дека е нанесена неправда и дека таа засужува да се најде во финалето. Хрватите се бесни на Евровизија, дури бараат да се прегласува и да се пребројат гласовите повторно.