Професор во индексот нашол пари, па ја објавил фотографијата и пратил порака до сите студенти (ФОТО)

Професорот на сите им посакал среќа, но полагањето на испитот бара сериозно учење, а не суеверие...

Професорот од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Ниш, Душан Милисављевиќ објави интересна фотографија од студентските индекси во кои имало банкноти и испрати порака до сите студенти.

Имено, на фотографијата има два индекса, од кои едниот содржи 10 југословенски и 10 македонски денари кои студентите ги оставиле за да им привлечат среќа.

„Јануарски-февруарски испитен рок. Мојот впечаток е пар индекси и банкноти од 10 и 10 денари во индексот. Велат за среќа е да добиеш десетки“, рече професорот.

Професорот на сите им посака среќа, но полагањето на испитот бара сериозно учење, а не суеверие.