Проститутки со сочни детали за холивудските актери, открија што сакаат и кои од нив плачат

Не е тајна дека многу актери користеле услуги на „продавачки на љубов“. Неколку од нив решиле да проговорат- што бараат најчесто познатите глумци, кој плаќа и 2.000 долари за една вечер?

Дивајн Браун се збогатила и побегнала од улицата, откако беше фатена од полицијата додека му давала услуги на актерот Хју Грант.

„Тој сакаше да ме тепа, ме нарекуваше Црвена цреша“, споделила Дивајн, која неколку месеци го забавувала актерот. Кога скандалот избувна, таа успеа да заработи околу 1 милион долари од интервјуто. Со тие пари, таа плати за образованието на своите ќерки и започна да работи во своја приватна компанија.

Најпознатата госпоѓа на Холивуд, Хејли Флејс, отвори јавна куќа во 1994 година. Таа беше уапсена во 1997 година, a по нејзиното апсење, излегоа списоци со клиенти, меѓу кои бил и Џони Деп. 

Според неа, тој се опивал и никогаш не сакал да биде со истата девојка двапати.

Џек Николсон, исто така, доаѓал кај неа. Една од девојќите кои работеле во Јавната куќа открила дека Николсон плаќал 2.000 долари за една вечер, тој понекогаш само разговарал со девојките, но понекогаш знаел и да заплаче.