Прво со мирис на нејзината вагина, сега со мирис на нејзиниот оргазам: Гвинет Палтроу рекордно продава свеќи

Актерката Гвинет Палтроу неодамна започна продажба на лични свеќи, прво со мирис на нејзината вагина, додека овој пат со мирис на нејзиниот оргазам!

Пред неколку месеци, 47-годишната актерка предизвика вистинскa бура реакции кога започна да продава свеќи со мирисот на нејзината вагина. Бидејќи ги распродаде во рекордно време, таа продолжи со овој бизнис со уште побизарна идеја.

Гвинет го претстави својот нов производ како гостинка во шоуто на Џими Фелон и шокираше многумина. 

Имено Гвинет му покажа нова свеќа за која изјави „мириса на мојот оргазам“ и рече дека ќе му ја даде бесплатно, за да ѝ ја даде како подарок на својата сопруга. Таа откри и дека пакувањето на свеќата е украсено со слика на огномет, што е сосема соодветно кога станува збор за овој производ.


Новата свеќа веќе е ставена во понудата на нејзината веб-страница. Засега е достапна само во САД и се продава по цена од 75 долари. Веб-страницата наведува дека свеќата има мирисна нота на „пикантен грејпфрут, нероли и барут, со мирис на турска роза, за да добиете мирис кој е секси, изненадувачки и многу заразен“. 

Марката на Гвинет е често критикувана од здравствени работници, поради невистинити здравствени тврдења, како што е приказната за важноста на таканареченото наводнување на женскиот сексуален орган, како и приказната за употреба на вагинални јајца.