Растопениот часовник: Ако сакате нешто поразлично- еве ви

Понекогаш кога станува збор за здодевни работи како се работа, фрлање ѓубре или миење чинии (зависи кој како и со кого се оженил), потребни ни се часовници за да се потсетиме дека времето минува, без разлика дали сме свесни за тоа.

Тие се незаменлив начин за прикажување на минливоста на животот. Она што часовниците не ни го покажуваат е конзистентноста на времето што се протега во нешто неразбирливо и непрепознатливо.

Овој интересен часовник кој ви го претставуваме успева таму каде останатите часовници ќе запнат.

Инспириран од ремек-дело од Салвадор Дали, се вели дека е уметничка изјава заснована врз теоријата на Ајнштајн за специјална релативност, во смисла дека часовниците кои се топат претставуваат надреална човечка медитација врз непроменливиот космички поредок на нештата.

Ако не можете да го сфатите горенаведениот текст, доволно е да знаете дека Растопениот часовник е многу кул, дека е избалансиран да застанете на кој било раб и да работи, атоа значи дека покажува точно време во секој момент секаде.