Министерството за здравство на ИРАК соопшти дека во последните 24 часа со новиот коронавирус се заразиле 3.841 лица, најмногу од првиот случај на ковид-19 во февруари во земја чиј здравствен систем е на колена.
Досега се заразени вкупно 164.227 лица во Ирак, од кои 5.641 умреле, а 117.208 се опоравени, според официјалните бројки на Министерството.
Без оглед на преземените мерки за ограничување на движењето, бројот на заразени расте.
Застарена опрема и недостаток на персонал
На почетокот на епидемијата Ирак беше скоро поштеден, а сега е една од најпогодените земји на Блискиот исток, но сепак е далеку зад соседниот Иран, кој има повеќе од 300.000 случаи и 18.000 смртни случаи.