Ректорот Миленковски е Маж со трајни вредности за 2022 година!

„Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот. Овој цитат на Нелсон Мандела е еден од најпознатите за вредноста на образованието. Убавата страна на учењето е тоа што никој не може никому да му го одземе, ниту наученото ниту самиот процеспорача ректорот на Униеврзитетот за Туризам и менаџмент, проф.д-р Аце Миленковски.

 Тој годинава ја доби наградата Маж со трајни вредности на официјалниот избор на манифестацијата „Мажи на годината“ за 2022 година, во организација на „Џентлмен магазин“.

,,Огромно е задоволството кога вашиот труд, упорност и посветена работа ќе бидат препознаени од експертската јавност, а уште поголема чест е кога признанието ќе дојде од поширокото општество“, истакна Миленковски при примањето на наградата додавајќи дека трајните вредности се тие врз кои се заснова неговиот личен и професионален успех.

„Не е лесно да се биде најдобар. Тоа е привилегија, но и тежок товар. Ова е голема обврска за мене лично, но и за Универзитетот со кој менаџирам, да продолжиме да работиме посветено и да создаваме нови генерации млади професионалци што ќе останат да работат во Македонија. Тие се иднината на оваа земја, тие треба да останат тука и да создадат подобар живот тука, во својата татковина. Татковината, Македонија, се почитува и се љуби со дела“, рече ректорот Миленковски пред присутните гости на официјалното врачување на наградата доделена од стручното жири на манифестацијата.

Тој се осврна и на целите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, кој ја исполнува својата мисија да создава знаење, да спроведува највисоки стандарди и секогаш да се стреми кон одличност во образованието.

На петтиот јубилеен избор беа наградени тринаесет мажи што оставиле белег во нашето општество преку своите достигнувања во 2022 година. Изборот го изврши жири-комисија сочинета од членови од различни институции, докажани новинари, претставници од бизнис-секторот, режисери, стилисти. Оваа манифестација се одржува секоја година во ноември, месецот посветен на машкото здравје.


*пр објава