Родителите му рекоа дека е чудовиште и го отфрлија: И покрај деформитетот, тој е најсреќен
Многу често, малите деца имаат генетски заболувања кои не можат да се решат. За жал, многу родители кои не можат да прифатат такви деца, ги отфрлаат. Наспроти сите очекувања, тие се оставени сами да се справат со своите проблеми и тешкотии.
Како по некое непишано правило, повеќето такви деца тешко се справуваат со болеста и не можат да живеат целосно без поддршката од најблиските.
Сепак, има и примери на оние деца кои многу лесно ги постигнуваат сите свои цели и стануваат вистински успешни луѓе. Со нивниот пример, тие буквално ги охрабруваат сите други да бидат подобри и попродуктивни.
Една таква личност со неверојатна судбина е Ланкастер Џоно.
Неговите биолошки родители, гледајќи дека момчето е родено со патологија, го отфрлаат по само 20 часа по раѓањето.
Џоно не ги обвинува и по некое време успеа да им прости за ова предавство.
Неговата болест е многу ретка и се манифестира на различни начини. Му бил дијагностициран синдром Тристер Колинс, кој се јавува еднаш на педесет илјади бебиња. Болеста се изразува во отсуство на некои мали коски по лицето, деформитет на 'рскавицата и мускулите на лицето.
Џоно, објаснува дека има среќа затоа што многу луѓе со оваа болест мора да бидат под постојан надзор на лекар и да бидат подложени на низа операции за да ги одржат главите во живот.
Тој денес е возрасен, зрел човек што се обидува да води нормален живот. Никогаш не бил во искушение да ги бара своите родители затоа што сметал дека не се заинтересирани за неговиот живот.
Овој неверојатен човек создаде живот што може да си го посака себеси: тој се опккружи со голем број пријатели кои тврдат дека е секогаш подготвен да помогне.
Џоно својата сродна душа ја пронајде во својата најдобра пријателка со која се оженил и со која имаат две деца: син и ќерка. Синот е целосно здрав, додека за жал, второто бебе е со истата болест што ја има и Џоно. Сепак, родителите се сигурни дека ова дете ќе има среќен и долг живот затоа што секогаш ќе стојат покрај неа, ќе ја поддржуваат и ќе и помагаат.
Џоно стана симбол и голема инспирација за луѓето ширум светот кои се борат со слична болест, никогаш да не се откажат и дека сите се достојни за љубов и внимание.