Романтичарот Ед Ширан стана татко: Името на детето е магично!
Најромантичниот музичар во моментов, Ед Ширан стана татко. По многубројните шпекулации кои кружеа во јавноста со недели, дека пејачот го очекува своето прво дете. Тој самиот на својот инстаграм профил ја потврди информацијата и ја сподели убавата вест. Со фотографија на која има бебешко ќебе и мали чорапи, Ширан откри дека неговата сопруга се породила пред една недела.
Парот доби ќерка, „Чери ја роди нашата убава и здрава ќерка Лира Антарктик Сиборн Ширан. Ние сме заљубени во неа! Таа и нејзината мајка се добро, одлично им оди, а ние сме на седмо небо“, напиша Ед и им се заблагодари на медицинскиот тим кој ја пораѓал неговата сопруга и кои се грижеле за неговите две убавици по породувањето, пејачот од фановите побара да ја почитуваат нивната приватност овој период.
Ед Ширан паузираше од музичката сцена на крајот на 2019 година, а поради пандемијата на коронавирус, неговиот одмор дефинитивно е продолжен. Според британските медиуми, причина за неговата креативна стагнација е всушност бременоста на Чери Сиборн.
Можеби ќе ве интересира:
Кралот на трубата доби трето дете: Џамбо Агушев го откри името и полот