Русија ја потврди, САД е на потег за нова вакцина против коронавирусот, а Мексико ќе учествува во тестирањето
Светот уште од почетокот на пандемијата со коронавирус бара начини за негово уништување. И уште во првите денови по избувнувањето, се бараа начини. Се разбира, вакцината е најприоритетно решение. По неодамнешната изјава на Руското министерство за здравство дека веќе пронашле вакцина, ја регистрирале и е спроведена на доброволци, и другите зеемји кои создаваат вакцини не заостануваат.
Мексико ќе учествува во тестирањето вакцини што ги развија Janssen Pharmaceutica (во сопственост на Johnson & Johnson) и кинеските компании CanSino Biologics и Walvax Biotechnology Co, така што ќе се тестираат четири вакцини во земјата, објави CNN.
– Имаме договори со три различни компании, една од САД и две од Кина, тоа е меморандум за разбирање, целта е протоколите за третата фаза да се одвиваат во Мексико, рече Ебрард.
– По оваа најава, Мексико ќе учествува во четири протоколи од септември до јануари, додаде тој.
Во јули, Ебрард објави дека Мексико ќе учествува во третата фаза од тестирање на вакцината против COVID-19 на мексиканскиот огранок на француската фармацевтска компанија Sanofi Pasteur.