Саудискиот милијардер: Бев толку сиромашен што не можев да платам ниту за училишна екскурзија

Саудискиот милијардер Сулејман Ал Раџи вели:

Бев толку сиромашен што не можев да платам ниту за училишна екскурзија што чинеше само еден ријал (15 денари). Многу плачев пред моите, но тие немаа ниту еден ријал.

Ден пред екскурзијата точно одговорив на прашање поставено од наставникот, па тој ми даде еден ријал како награда, на аплауз на учениците.

Без размислување, истрчав кај организаторот на турата и платив. Мојата тага се претвори во неизмерна среќа која траеше со месеци, па и со години.

Пораснав, поминаа години, Бог ми даде големо богатство. Почнав да се занимавам со хуманитарна работа и тогаш се сетив на тој палестински учител кој ми го даде тој ријал.

Се запрашав: дали ми го даде како награда или како добротворно?

Решив да го барам, без разлика на цената. Бог ме упати кон него. Беше во тешка ситуација, без работа и пред да се пресели.

Му реков: „Ти должам многу“. Тој ми одговори: „Немам долгови со никого“.

Тогаш го прашав: „Се сеќаваш ли на ученикот на кој му дадовте еден ријал за одговор на прашање? Тој се насмевна и рече: „Дали ме бараш за да ми го вратиш тој еден ријал?

Реков: „Да“. Го зедов со мене во кола, застанавме пред една прекрасна вила. Излеговме надвор и му реков: „Ова е твојата исплата на долгот - твоја куќа, твој автомобил, плата до крајот на животот и работа за твојот син во мојата компанија“.

Наставникот се шокирал и извикал: „Но, ова е премногу!“

Ал Раџи му рекол: „Верувај ми, радоста што ја чувствував тогаш поради тој ријал беше многу поголема од радоста што ја чувствувам сега, дури и да имав десет вакви вили. Сè уште не сум ја заборавил таа среќа“.

- Од мемоарите на Сулејман Абдулазиз Ал-Раџи -