СЕ ОЖЕНИ БЕТМЕН ВЕЛИТ - на свадба му дојдоа Игор Дурловски и Владо Јовановски

Богдан Илиевски, познат како Бетмен Велит, еден од водачите на Иницијативата „За заедничка Македонија“, се оженил со новинарката и поранешна уредничка на телевизџијата Алфа, Анастасија Богдановска.

На свадбата, која се одржала викендов, присуствувале и неговите добри пријатели, актерот Владо Јовановски, како и оперскиот пејач Игор Дурловски.

Дурловски ја објави веста на својот фејсбук профил, заедно со фотографии од него и од Владо Јовановски, но не објавиле и од младоженецот и невестата.

„Со душата најдобра Владо Јовановски кај братот Богдан Илиевски на свадба.

Вечни!“, напиша Дурловски на својот фејсбук профил.