Се сеќавате кога еден Србин фати 20 голи момци и невеста во жито? Се знае што е снимено

На почетокот од јули, се прошири видео на една бизарна сцена од 20 голи мажи и невестата на кои еден човек од Војводина наиде на своето поле додека управуваше со комбајн. Сега се знае за што станува збор.

20 мажи и невеста беа дел од видеото за новата песна на српските пејачи  Раста и Реље, кое излезе вчера под името Генге.


На сцената со која налета човекот од Војводина, 20 мажи кои изгледаат како голи (иако носат боксери во боја на кожа) следат жена во венчаница преку житото.

Патем, за само еден ден од објавувањето, песната собра повеќе од милион прегледи на Јутјуб и во моментов е најголем хит во регионот според прегледите на Јутуб.

Ве потсетуваме дека еден маж од Војводина создаде вирален хит кога начекал бизарна сцена од неговиот комбајн. „Што е Белграѓани, дојдовте тука да снимате, ајде сиктер“, се слуша тој во видеото како вика на младите мажи и жени. "Каде одиш, невесто?" и дофрли на девојката која почна да бега во венчаница.