Се жени синот на најбогатиот Индиец со пребогата наследничка: Дрес код на 9 страни, Ријана на микрофон, а еве ги лукс деталите!

Тие потекнуваат од многу богати семејства во Индија. Анант Амбани и Радика Мерчант официјално ќе кажат „ДА“ во јули, но венчавката ја најавуваат со гала прослава закажана за овој викенд. Деталите се повеќе од екстраваганција - од храната што ќе се служи до кодексот на облекување што им се испраќа на гостите на девет страници. Не се сомневаме во љубовта на младенците, а веќе се коментира дека нивната приказна е пример за „парата кај пара оди“.

За прославата на имотот на неговите родители во Јамнагар ангажирале 21 готвач, ќе има 1.000 гости. Меѓу гостите се Бил Гејтс, Хилари Клинтон и Марк Цукерберг кои присуствуваа на свадбата на сестрата на младоженецот во 2018 година.

Идната невеста има 29 години и е ќерка на ирскиот милијардер Вирен Мерчант, кој е извршен директор на приватната медицинска компанија Encore Healthcare. Анант Амабани (28) е најмладиот син на Мукеш Амбани, најбогатиот човек во Индија и извршен директор на Reliance Industries, компанија која генерира приход од 110 милијарди долари.


Кодекс на облекување на девет страници и луксуз за паметење

Поканите за предсвадбената прослава гласеа: „Со срца полни со радост и возбуда, ве покануваме на прослава на Анант и Радика во нашиот дом во Јамнагар. Со нетрпение очекуваме да ве имаме со нас за да ја споделиме нашата среќа, љубов и смеа и да создадеме спомени кои ќе ги негуваме засекогаш.“

Тајмс пишува дека Ријана на прославата ќе пее заедно со музичар од Индија по име Диљит Досанџ. На свадбата на сестрата на идниот младоженец, Бијонсе пеела за хонорар од шест милиони долари.

View this post on Instagram

A post shared by Anant Mukesh Ambani fp (@anantmukeshambanii)


Гостите добија детален дрес - код согласно според бројните активности предвидени за викендот. Тие ќе патуваат со авион и траект - а на гостите им е кажано дека има ограничување од три куфери по пар. Во петок ќе има коктел дочек, а потоа гостите ќе бидат однесени во Центарот за нега на животни Reliance, кој се простира на 650 хектари и е дом на повеќе од 2.000 животни. Овој центар е во сопственост на идниот младоженец. На гостите им се советува да понесат удобни чевли за „прошетка во дивина“.

Потоа ќе се организира романтична вечер, а потоа ќе следи забава која бара „лежерна шик облека“. На завршниот настан гостите се очекува да носат традиционална облека.

„National News“ пишуваат дека сите 1.000 гости ќе имаат пристап до услугите за перење алишта за време на викендот. Ќе бидат достапни и услугите на кројач, шминкер и фризер.

„Сакаме максимално да уживате во секој момент и да создавате убави спомени кои траат цел живот“, стои во поканите.


Илјадници специјалитети на менито

Според The ​​Times of India, готвачите кои работат во луксузниот хотел Jardin подготвиле повеќе од 2.500 јадења кои вклучуваат јапонска, мексиканска и тајландска кујна.

Гостите ќе можат да изберат од 75 опции за појадок и уште 225 и 275 опции за ручек и вечера.

Ќе има и 85 кетеринг опции за традиционалниот полноќен оброк кој трае од полноќ до четири часот наутро. Ниту една ставка од менито нема да се повторува во текот на викендот.

Колку долго ќе трае луксузната венчавка? Најбогатиот човек во Индија потрошил 100 милиони долари на свадбата на својата ќерка, напиша Блумберг. Поканите беа доставени во позлатена кутија на Долче и Габана. Меѓу гостите беа и уредничката на Хафингтон Пост Аријана Хафингтон и Џејмс Мардок, пишува Дејли Меил.

FOTO: Instagram printscreen