Сега и официјално: Најсреќна група на луѓе се немажените жени без деца
Досега се насетуваше, но сега тоа е официјално докажано - жените кои не се омажиле и немаат деца се најсреќната подгрупа во популацијата, а статистички гледано, тие живеат подолго од останатите!
„Традиционалните модели на успех повеќе не можат да се поврзат со чувството за среќа“, вели Пол Долан, професор по науки во однесувањето на лондонската школа за економија (ЛСЕ), кој посочува дека ова особено се однесува на бракот и на одгледувањето деца.
"Луѓето во бракови се посреќни од другите подгрупи на општеството, но само се додека нивниот сопружник е присутен во собата додека одговара на прашања. Кога партнерот нема одговор е следниот - тие се многу несреќни", објаснува Долан.
Професорот тврди дека има собрани податоци во долги периоди, но ако се отфрлат научните тези и гледиштата, заклучокот е овој: ако сте маж треба да стапите во брак, а ако сте жена, подобро не.
Мажите имаат повеќе корист од бракот, тие ризикуваат помалку, заработуваат повеќе, вели Долан. Од друга страна, припадничките на понежниот пол „мораат да страдаат“ и во исто време да имаат помал животен век отколку ако не се омажиле.
„Во целото население, најздрави и најсреќни се жените кои не се омажиле и немаат деца“, вели Долан. Во својата нова книга, насловена "Happy Ever After", ги прикажува резултатите од истражувањето спроведено од "American Time Use Survey. Истражувањето го спореди нивото на уживање и незадоволство меѓу мажите и жените, без разлика дали тие биле во брак, самохрани, разведени или нивните сопруги починале.
Лицата кои не се во брак со помала веројатност изразија незадоволство од нивните животи отколку лица што одговорија со среќа кога нивниот сопружник не беше присутен во собата. Другите студии покажаа придобивки од бракот и за жените и за мажите кога станува збор за здравјето и финансиите.
Долан го објасни ова со поголеми приходи и взаемна емоционална поддршка, што им дава поголема подготвеност на лицата во брак за потенцијални ризици и подготвеност да побараат лекарска помош. Но, Долан истакна дека бракот им носи поголеми придобивки на мажите кога станува збор за здравјето затоа што тие не „влегуваат“ во ризиците како во еден младешки период.
„Статусот на мажена жена нема позитивен ефект врз нејзиното здравје. Напротив, средовечните жени во брак се изложени на зголемен ризик од разни заболувања, без разлика дали се физички или психички, во споредба со жените кои не се во брак. И иако е докажано дека начинот на живот е подобар не мажената жена без деца, сè уште е вообичаено верување дека бракот и децата се сигурен знак за успех, што укажува на тоа дека дури и во модерното време, сè уште постои стигма што ги прави многу немажени жени да се чувствуваат мизерни и неисполнети“, вели Долан.
"Кога ќе сретнете жена во свои четириесетти години без деца, размислувате: Каква штета ... Но, можеби еден ден тие ќе го најдат вистинскиот и тоа ќе се промени. Не, напротив, може да се сретнат со погрешен маж и тоа се ќе промени. Можеби ќе се сретнат со човек кој ќе ја направи повеќе несреќна и помалку здрава, поради што таа ќе го напушти овој свет порано “, вели проф. Долан.