Секое живо суштество се претвора во камен ако ја допре водата: Езерото на смртта
Ова е многу сурово место на планетата, сè се претвора во камен веднаш штом ќе дојде во контакт со вода.
Езерото Натрон е солено езеро лоцирано во северниот дел на Танзанија, близу границата со Кенија. Тоа е именувано по хемикалијата во која изобилува. Се работи замешавина од натриум карбонат и натриум бикарбонат, а овој хемиски состав се должи на уникатниот вулкан во негова близина.
Вулканот Ол Доинио Ленгаи или „Божја планина“ е единствениот активен вулкан на планетата што протекува натриум - карбонати наместо силикати. Поради ова, лавата не е толку жешка како лавата од другите вулкани. Исто така, има различен изглед, што е повеќе како налевање на нафта од течна магма. Кога лавата се лади, се претвара во белузлав прав. Дождовницата што се собира на земјата преку својот тек собира токсичен остаток и го носи до езерото Натрон.
Така, pH на езерото е од 9 до 10,5, а температурата на водата може да достигне 60 Целзиусови степени. Затоа, ова езеро се нарекува т.н. базенот на смртта, иако околината на езерото е преполна живот.
Стотици мртви птици
Пред неколку години, британскиот фотограф Ник Брант наиде на скаменета птица на мисијата да ја истражува „непознатата источна Африка“ на езерото Натрон. Брант забележал дека има стотици трупови на брегот, претежно лилјаци и птици.
Ова езеро е прогласено за едно од најнегостопримливите места во светот.
Научниците објаснуваат дека птиците често паѓаат во ова плитко езеро (само околу 3 метри длабочина) затоа што се збунети од високо рефлектираната површина на која се одразува небото. Откако птиците умираат во езерото, нивниот скелет го врзува натриум карбонат од него. Оваа хемикалија, која исто така се користи во египетските методи за мумификација, спречува да се распадне телото.
Како што се намалува нивото на водата, труповите остануваат на брегот во неверојатно зачувана состојба, при што на фотографот Брант му помагал локалното население во нивната колекција. Ги постави во природни положби - како да стојат на гранки или лебдат на вода и ги сликашде.
Сепак, ова езеро не е само базен на смрт и безнадежност. Всушност, езерото и околината се полни со живот. Неверојатно, меѓу 65 и 75 проценти од светската популација на помали фламингосисе родени на езерото Натрон, бидејќи екстремно високите нивоа на pH вредност ги одржуваат предаторите подалеку од бебињата на фламингосите.