Сепак е успех: Има 13,228,557 оздравени од коронавирус

Пандемијата што ја зафати целата земјина топка не стивнува. Иако Русија ја најави вакцината, до нејзиното имплементирање малку ќе се почека.

Во светски рамки, повеќе од 20 милиони луѓе се заразени со новиот коронавирус, а најмалку 734.243 луѓе починале од оваа болест, пренесува Ројтерс.

Од 20,09 милиони заразени, 7,2 милиони се активни случаи, додека 13,228,557 милиони луѓе се опоравиле од оваа болест, која зафати 220 земји низ целиот свет.