Што јаделе патниците на Титаник за време на кобната ноќ: Менито од џебот на преживеан ги открива тајните на познатиот брод

Аукциска куќа од Лондон објави аукција на предмети од Титаник, а меѓу предметите кои привлекоа најголемо внимание е менито од првокласниот ресторан на бродот.

Иако се верувало дека не може да потоне, во 1912 година, поради невнимание на луѓето, Титаник удрил во санта мраз и со себе „зел“ голем дел од патниците и екипажот кои биле во него. Овој шокантен настан и сите мистерии околу него станаа важен дел од колективната меморија, привлекувајќи истражувачи, инженери, па дури и филмаџии да дознаат што е можно повеќе детали за бродот.

Во каква храна уживале патниците од прва класа на своите вечери? Кои други ситни лични предмети се пронајдени? На сите овие прашања ќе одговорат страствените колекционери по аукцијата што ќе се одржи во Обединетото Кралство на која се очекува да се соберат десетици илјади фунти.


Покрај малите лични предмети како џебен часовник и ќебе, најголемо внимание на јавноста привлече менито од еден од првокласните ресторани на Титаник, со список на се што јаделе гостите ноќта на 11 април, 1912 година.

Експертите укажуваат дека менито најверојатно останало зачувано во џебот на преживеан, спасен од водата неколку часа по потонувањето. Достапните извештаи покажуваат дека од 329 луѓе кои патувале во прва класа, 199 преживеале.

Кога пристигнале во Нова Шкотска, Канада, менито завршило во рацете на историчарот Лен Стивенсон и го наследило неговото семејство, кое сега го ставило на аукција. Но, не грижете се ако немате пари да учествувате во натпреварот, ќе ви откриеме што имало на него.

Необичен фрагмент хартија открива дека вечерата на 11 април вклучувала разновидни и рафинирани јадења како што се чорба од зеленчук, јагнешко со сос од нане, говедско месо со крем од рен и пире од пашканат, па дури и остриги. Десертите вклучуваа тарт од кајсија и пудингот на Викторија.