Што рече Новак Ѓоковиќ за Тоше Проески: Тениската легенда за македонската легенда

Тодор „Тоше“ Проески (Прилеп, 25 јануари 1981 — Нова Градишка, 16 октомври 2007) — беше најпознат македонски поп-пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија. 

Музичката кариера ја започнал со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победил изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Имал блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнал по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше станал дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останал сè до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година бил прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.

Загина на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Посмртно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост.

Во една прилика тенисерот Новак Ѓоковиќ изјави дека едвај чека да ја отпее песната „Зајди, зајди“ со македонските фанови.

„Сакам да ја посетам Македонија и да ги запознаам фановите во оваа земја. Ќе дојдам наскоро. Му посакувам се најдобро на македонскиот народ. Се надевам дека наскоро ќе ги видам моите обожаватели од Македонија и ќе се дружиме и ќе ја пееме заедно Зајди, зајди" рече и додаде дека честопати ги слави своите победи пеејќи македонски песни. 

Српскиот тенисер истакна дека ги сака сите песни на нашиот ангел Тоше Проески.

"Она што го направи Тоше е историја. Тој е легенда, кој за жал повеќе не е со нас. Неговите песни масовно се слушаат. Тоше беше фантастичен и неговите песни оставија свој белег на овие простори", гласеа зборовите на легендата за легендата.