Што се случува во Украина: Рекордно заболени од коронавирус плус инфицирани по трет пат
Иако се смета дека вториот бран на коронавирусот се‘ уште не е пристигнат, некои земји веќе објави дека и тоа како се борат и имаат многу повеќе заразени сега отколку на пример пред дева месеци.
Таков е случајот и со Украина.
Во последните 24 часа е забележан рекорден пораст за еден ден на бројот на заразени лица од почетокот на пандемијата на новиот коронавирус – 1.197, а починале 23 луѓе.
Со тоа вкупниот број на инфицирани со Ковид-19 достигна 68.794 луѓе, а се потврдени 1.673 смртни случаи.
Дневниот број на заразени во Украина значајно се зголеми во последните два месеца, откако земјата започна со постепено ублажување на рестриктивните мерки, воведени во борбата против коронавирусот.
Инаку, жител на регионот Тернопил во Украина по трет пат заболил од коронавирусот, објави шефот на Министерството за здравство на локалната самоуправа.
„Има еден пациент, тој се инфицираше од коронавирусот по трет пат. Мора да разбереме дека дури и оние што се заразиле со вирусот не се безбедни и не значи дека нема да има повторно заболување“, изјавил официјалниот претставник.