Сијамските близнаци од Пенџаб: го делат истото тело но добиваат една плата, наместо две
Сона и Мохна Синг, од Пенџаб, биле напуштени од нивните родители при раѓањето и живееле во сиромаштијата на оддалечените засолништа во Њу Делхи, врзувајќи крај со крај оттогаш…
Откако овие сијамски близнаци станаа светска сензација, минатата година медиумите објавија дека имаат две различни плати за нивните работни места. Зборувајќи за новинарите од изданието Independent минатата година, близнаците рекоа: „Ние сме благодарни на владата на Пенџаб што го препозна нашиот талент“. Меѓутоа, за време на интервјуто дадено за каналот Рухи Ценет оваа година, оваа двојка тврдеше нешто сосема друго.
Браќата му кажале на Јутјуберот дека заработуваат само 245 долари месечно и имаат една плата а работат како електричари во локалната самоуправа.
Гледачите, се разбира, веднаш реагираа и беа целосно револтирани од идејата дека два идентитети, иако имаат исти гениталии, сепак имаат две глави, заработуваат една плата, заедно гласно тврдејќи дека тоа е неправедно и дека овие луѓе треба да имаат два одделни приходи за работата што ја вршат.