Сите жени на Илон Маск-новиот сопственик на Твитер: Една сите ја познавате, а друга му роди 5 деца и ја остави без скршен денар

Милијардерот и нов сопственик на социјалната платформа Твитер, Илон Маск, во последните месеци е во центарот на вниманието на јавноста и поради неговите изјави и поради неговиот љубовен живот.

Имено, во март оваа година, само неколку часа по објавата дека има уште едно дете со ексцентричната уметница Греам, милијардерот ја остави.

Сепак, нивното раскинување не беше премногу изненадувачки, со оглед на тоа што Илон зад себе има голем број неуспешни врски.

Неговата најдолга врска била со писателката Џастин Вилсон (49). Нивната љубов започнала во младоста, со невината покана на Илон за сладолед.


Тие се венчаа во јануари 2000 година и набрзо го добија синот Невада, кој почина набрзо потоа. Сепак, парот сакаше деца што е можно поскоро. Џастин направи нималку едноставна процедура и роди близнаци.

Потоа ја повториле постапката на вештачко оплодување и добиле тројка. За пет години со царски рез родила пет деца.

Поради нејзиното непознавање на правната терминологија, Џастин потпишала предбрачен договор, со кој се откажала од правата што и припаѓаат како сопруга. Остана без се што има стекнато во бракот. Единствено што добила е сопственоста на семејната вила во Лос Анџелес, која нивните деца ќе ја добијат штом станат полнолетни. Тие се разведоа во 2008 година.

Веќе во 2010 година, Илон се ожени со британската актерка Талула Рајли, но тој брак траеше само две години.

View this post on Instagram

A post shared by Talulah Riley (@talulahrm)



Но, во 2013 година, двајцата ја подобрија врската и повторно се венчаа. Тие некако успеаја да го „издржат“ бракот до 2016 година, кога конечно ставија крај.

Од бракот со Маск излегла побогата за 16 милијарди долари, кои тој ги уплатил на нејзината банкарска сметка. Доволно што актерката повеќе не мора да работи ништо до крајот на животот.

И откако помина одредено време на „слободата“, Илон набрзо ја заведе и поранешната сопруга на Џони Деп, Амбер Херд.

Љубовта не траеше ниту една година, но често ги посетуваа рестораните, а често беа видени на насловните страници на весниците и таблоидите. Тие ја прекинаа врската, како што тогаш рекоа, поради напорните распореди, но дека останале во добри односи.

foto: Print Screen Youtube/Law&Crime Network


Конечно, ексцентричната Греам ја замени австралиската актерка Наташа Басет.

Наташа е 23 години помлада од Маск, а многумина мислат дека убавата актерка ја освоила банкарската сметка на Илон Маск, иако познаниците на парот мислат поинаку.

Наташа Басет се занимава со глума од својата 14-та година, кога ја доби главната улога во претставата „Ромео и Јулија“. Таа порасна во Сиднеј, а во 2019 година се пресели во Њујорк поради работа.