Снимките од европските Содома и Гомора ја налутија јавноста: „Срамота, каде е полицијата?“
Иако ги повикува Британците да дојдат кај нив на одмор затоа што тие се безбедна дестинација, откако се прошири снимката од одморалиштето Магалуф на социјалните мрежи, многу Шпанци се покајаа.
Имено, социјалното растојание би можело да биде залудно ако туристите продолжат да се забавуваат како утре да не постои.
Снимките на пијани британски туристи кои скокаат по автомобили и танцуваат се појавија на Твитер. Еден добар дел од шпанското население сè уште се придржува кон правилата на социјална дистанца, а фактот што Британците го прават токму спротивното, ги налути многу.
„Во Пунта Балена има тотален хаос. Стотици од Велика Британија“, може да се прочита на социјалните медиуми.
Turistas ingleses en plena pandemia, saltando sobre coches ajenos en Magaluf (Mallorca), sin mascarillas y sin mantener la distancia de seguridad.
— Ibon Perez (@ibonpereztv) July 12, 2020
Es lo que tiene haber convertido España en el bar de Europa.
Y luego gente sin poder visitar a los familiares en las residencias. pic.twitter.com/miX41jSDnd
"Без маски, тие скокаат по автомобили, пијани и пијат на улиците. Ова е катастрофа. Каде е полицијата,срамота",лути се Шпанците.
„Делови од Шпанија се ставени во карантин, постарите жители се затворени во своите домови, сите ние носиме маски надвор, а во Магалуф и Британците го прават тоа што сакаат. Срамно“, беше коментирано на Твитер.
Esto es Magaluf,en Mallorca.
— Vivas (@SoniaVivasRive3) July 12, 2020
Este es el turismo que tenemos en gran parte de la isla.
Un turismo de vergüenza que sale caro a los ciudadanos y que beneficia a los empresarios de barriga llena.
Somos un país de sirvientes que se vendió a Europa y nadie respeta pic.twitter.com/kSfDh7iTNS
Во полиција биле пријавени најмалку 60 нелегални забави, а имало судири меѓу локалното население и туристите. Паричните казни за организирање на вакви забави сега изнесуваат 600.000 евра.
А, германскиот министер за здравство Јенс Спан го осуди однесувањето на неговите граѓани во Мајорка.